Пензионираниот ирански фудбалер Али Даеи, за кој некои азербејџански медиуми објавија дека е уапсен и осуден на смрт со 15.000 други демонстранти во Иран, се јави на Инстаграм. Тој откри дека добил покана од ФИФА и Фудбалскиот сојуз на Катар заедно да гостуваат на Светското првенство, но одбил.
„Поздрав до моите драги и чесни сограѓани. Во овие тешки денови, кога многумина не се чувствуваат добро, ја одбив поканата на ФИФА и Фудбалскиот сојуз на Катар да гостувам на Светското првенство со мојата сопруга и ќерките. Решив да останам со Вас во нашата земја и да изразам сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски. Се надевам на посветли денови за Иран и Иранците“, се вели во објавата на фудбалерот.