Сенегал го освои Африканскиот куп на нации во Камерун против Египет по подоброто изведување пенали. По 120 минути натпреварот заврши без гол, а трагичар на Сенегал до тој момент беше играчот на Ливерпул Садио Мане. Тој во седмата минута промаши пенал кој одлично го одбрани египетскиот голман Габаски.
Во пресрет на изведувањето на пеналот, египетскиот капитен Мохамед Салах, соиграчот на Мане од Ливерпул, му пријде на Габаски и му откри каде ќе шутира Мане. Излезе дека Салах бил во право, а тоа го изнервирало неговиот клупски колега Мане.
Сепак, Мане во престрелката го постигна последниот пенал за Сенегал и со тоа и ја донесе првата и историска титула на својата земја.