Фудбалерите на Јувентус не се предаваат од борбата за излез во Европа и покрај казната со минус 15 бодови. Ја постигнаа петтата победа во последните шест меча во Серија А совладувајќи ја на домашен терен веќе отпишаната Сампдорија (4-2).

„Бјанконерите“ потешко од очекувањата дојдоа до трите бода, по половина час игра примитја два гола во само две минути. Тимот од Торино одлично почна и со погодоците на Бремер во 11. минута и на Рабио во 26. минута брзо дојде до убедливо водство. Но, само во две минути подоцна прво Аугело намали, па Ѓуричиќ го изедначи резултатот.

Рабио во 64. минута беше стрелец на третиот погодок, додека Соле го потврди триумфот во 94. минута, а триумфот на домаќинот можеше да биде и поубедлив, но Влаховиќ промаши пенал. Головите погледнете ги ТУКА.

Јувентус сега се искачи на седмата позиција со 38 бодови, четири помалку од Аталанта, која е на последното место кои води во европските купови.

европските