Њукасл беше подобар тим во најголемиот дел од дуелот и сосема заслужено дојде до трите бода.
Клучниот момент се случи во 56. минута кога по асистенција од Трипие, Гордон даде гол за водство на Њукасл од 1-0, што беше и конечен резултат.
Во самиот финиш од мечот, Мегваер постигна гол за Манчестер јунајтед, но погодокот беше поништен поради офсајд.
Со оваа победа Њукасл го помина Манчестер јунајтед на табелата и се израмни со Тотенхем.
Течеше 89. минута од натпреварот кога „црвените ѓаволи“ дојдоа до погодок. Ентони доби топка на втора статива и убаво шутна, на патот кон голот го погоди Хари Мегваер, кој беше во офсајд позиција. Поради тоа погодокот на Јунајтед веднаш беше поништен.
Иако се играше долго судиско продолжение, четата на Тен Хаг не успеа да дојде до гол и претрпе пораз по три победи во низа. Њукасл сега со 28 бода, ќе биде петтопласиран, додека Манчестер Јунајтед падна на седмата позиција со 26 бода.