Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно постигнува голови за Абердин, па денес даде два гола за победа со 3-1 на својот клуб против последниот Мадервил. Миовски го зголеми контото на голови сезонава во шкотскиот Премиершип на 14 погодоци.
Ова е петти меч за Миовски како сезонава дава по два гола на една средба во шкотската елита, но никако да погоди и третпат на еден меч и да го запише својот прв хет-трик во дресот на славниот шкотски клуб. Абердин после четири порази во низа конечно дојде до триумф за 32 бода и останува на седмо место.
Македонскиот центарфор во пет минути даде два гола во периодот од 64-та до 69-та минута.
Миовски со овие 14 гола останува трет на листата на стрелци, но сега им се приближи на Јапонецот Фурухаши од Селтик кој има 18 гола на врвот на листата на стрелци и на Шанкланд, кој има 17 погодоци за Хартс сезонава.