Серж Гнабри ја најави победата во 16.минута, а по половина час игра Роберт Левандовски со гол од далечина зголеми на 2-0. Победата на Баварците ја запечатија Максим-Ерик Чупо-Мотинг и Кинсли Коман.
Борусија Дортмунд и без Ерлинг Халанд стигна до сигурна победа од 3-1 на гостувањето кај Арминија Билефелд. Емре Џан погоди од пенал за 0-1, а Матс Хумелс пред крајот на првиот дел зголеми на 0-2. Третиот гол за „милионерите“ беше дело на Џад Белингам. Фабијан Клос од пенал во 87.минута само го ублажи поразот на домашниот тим.
На останатите натпревари попладнево во Бундеслигата, Лајпциг со пресврт во второто полувреме славеше со 4-1 против последнопласираниот Гројтер Фирт, а Фрајбург продолжува со одличните игри сенава и славеше на гости кај Волфсбург со 2-0.