Астон Вила поведе во натпреварот од 19. коло од англиската Премиер лига против Челзи со автогол каков што ретко се гледа. Рис Џејмс ја смести топката во сопствената мрежа во 28. минута од голема далечина со глава над Едуард Менди.
22-годишниот десен бек на Челзи игра во Премиер лигата од 2018 година, а ова е прв автогол за него. Оваа сезона пред овој натпревар тој постигна четири и намести пет гола за својот тим.