Каталонскиот гигант Барселона перманентно бара играч од средниот ред кој би можел да дојде во зимскиот преоден рок. Сега се издвојува ново име, тоа е играчот од средниот ред на Флуминенсе, Андре, кој од летоска се поврзува со неколку европски гиганти.

Бразилецот има 22 години, еден е од најдобрите играчи во бразилското првенство и нема сомнение дека ќе дојде во Европа во 2024 година.

Флуминенсе за него бара 30 милиони евра кои Барселона не може да ги плати, но имаат доверба во спортскиот директор Деко, кој има одлични односи со бразилскиот клуб, како и со агентот на играчот.

Идејата е Андре да дојде на позајмица со право на откуп во летниот преоден рок и да биде платен на рати, па јасно е зошто Деко ги држи клучевите од овие преговори.

Андре будно го следеа скаути на Ливерпул и на Арсенал, а на Светското клупско првенство каде настапува за Флуминенсе изјави дека посакува да биде дел од Барселона.

„Бразилците тешко можат да одолеат кога ги викаат Реал Мадрид или Барселона. Би ми било чест да ме поканат и мене, но мислам дека би ја избрал Барселона“, изјави Андре.