Исклучително возбудливо беше денеска претпоследното 37. коло во шпанската Ла Лига. Одамна е познато дека Реал Мадрид е шампион на Шпанија, а Барселона ќе оди во Лигата на шампионите, но по вечерашните дуели беа отстранети уште некои дилеми.
Покрај Реал и Барселона, во Лигата на шампионите ќе игра и Атлетико Мадрид, а во последното коло за пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа битката ќе ја водат градските ривали Севиља и Бетис. Севиља во последното коло влегува со три бодови повеќе од градските ривали и со иста гол-разлика.
Реал Сосиедад обезбеди пласман во Лигата на Европа, додека Виљареал и Атлетико Билбао во последното коло ќе одговорат кој ќе оди во Конференциската лига на УЕФА.
Алавес и Леванте испаднаa и математички во Сегунда, а последните 90 минути ќе понудат одговор кој е третиот патник во понизок ранг. Гранада има 37, Мајорка и Кадиз по 36. Елче и Хетафе се исто така со 39 бодови математички „загрозени“ пред последното коло, но во последното коло треба да се случи вистинско чудо за една од двете споменати екипи да си замине од Ла Лига.
Атлетик Б. – Осасуна 2:0
Атлетико М. – Севиља 1:1
Бетис – Гранада 2:0
Кадиз – Реал Мадрид 1:1
Селта – Елче 1:0
Хетафе – Барселона 0:0
Леванте – Алавес 2:1
Мајорка – Рајо Ваљекано 2:1
Виљареал – Реал Сосиедад 1:2