Македонската најдобра ракометна репрезентација извојува победа на последниот тест натпревар против Зеленортските Острови пред настапот на Мундијалот кој ќе се одржи во три држави Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашата ракометна селекција постигна минимален триумф од 27:26 во дуел на кој противникот имаше водство на полувреме од 15:14. Ова за ракометарите на Кире Лазаров беше четврта победа во овој период, претходно беа надиграни Нови Београд, Динамо Панчево и Сесвете, додека пак загубивме од Хрватска и Србија.

Македонија во среда го започнува настапот на Светското првенство и тоа во пресметката со Унгарија во Вараждин во 20:30 часот.

Во нашата група се наоѓаат уште селекциите на Гвинеја и Холандија.