Узбекистан играше одлично на стартот на мечот и водеше со 8-3, но македонските ракометарки не дозволија изненадување, па влегоа во одлична серија и набрзо намалија на 7-9, а потоа стигнаа и до израмнување (13-13).
Македонија повторно правеше многу грешки, кои Узбекистан знаеше како да ги искористи, меѓутоа нашите ракометарки до крајот на првиот дел направија пресврт (20-19).
Одличниот старт на второто полувреме на Македонија ѝ донесе водство од 25-20, по што Узбекистан не успеа да се врати во мечот и загуби со 30-38.
Бојана Коцева постигна девет гола, додека Емилијана Ризоска даде осум погодоци за Македонија во убедливата победа.
Македонија го игра последниот меч од првата фаза против Иран во вторник од 20.30 часот.