Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и Порто ја одбранија титулата во португалскиот шампионат. Во претпоследното коло од оваа сезона запишаа убедлива победа, на гостувањето кај Сантас славеше со 18-34.
Оваа средба беше решена уште во првото полувреме. Израмнета игра имаше само на почетокот, Порто го засили темпото и на одморот замина со позитива од 9-14. Во вториот дел тимот на македонскиот репрезентативец без проблем ја зголемуваше предноста која беше и двоцифрена (28-14) на десет минути до крајот.
До крајот на сезоната останува уште едно коло, Порто е домаќин на Мадеира, можност заедно со своите фанови да ја прослават титулата.