Големото разочарување од поразот во финалето на Светското првенство во Катар прерасна во големи немири на улиците на најголемите градови во Франција.
Илјадници фудбалски навивачи се судрија со полицијата во Париз, Ница и Лион, при што органите на редот мораа да употребат солзавци, водени топови и сила за да ги растераат гневните фанови кои ги гаѓаа со шишиња, камења и факели. Има голем број уапсени.
Немири во Франција имаше неколку пати за време на Светското првенство во Катар. Ситуацијата беше најсериозна по полуфиналниот триумф на Французите против Мароко, кога во Монпелје загина 14-годишно момче.
Riots erupt in French cities after France loses to Argentina in FIFA World Cup final. pic.twitter.com/4PmApJFslH
— PressTV Extra (@PresstvExtra) December 19, 2022