Додека фудбалскиот свет се занимава, по „приказната“ на Л`Екип, дека голот на Меси за 3:2 бил нерегуларен, еве снимка што му претходеше на пеналот за Франција во судиското продолжение по кој Мбапе погоди за 3:3.
Факт е дека Монтиел игра со рака, но неколку секунди претходно, има класичен фаул во напад од Упамекано врз еден фудбалер на Аргентина. Погледнете само каде е левата рака на дефанзивецот на Франција. Ова е фаул, но судијата Марчињак не свири ништо, ВАР не реагира, акцијата продолжува за да потоа Монтиел игра со рака и пенал за Франција, а Мбапе погодува за 3:3.
Кога Меси го дава голот за 3:2 има резервни играчи на Аргентина на теренот. Секако тоа требаше да се санкционира, но од друга страна тоа не е пресудно за голот на Меси.
А во првиот случај ако Марчињак сакаше да го види фаулот немаше да дојде до пеналот и Аргентина ќе славеше победа со 3:2 по тие 120 минути.