Кореа кој важи за талисман на Аргентина вчера стана светски првак со својата селекција.
Анхел е роден пред 27 години, во градот на Меси, Росарио. Како мал, на само 10 години останува без татко. Две години подоцна го загубил едниот брат, кога има 17 години другиот брат извршува самоубиство. Неговата мајка боледува од рак веќе подолго време, а тој веднаш по трансферот во Атлетико Мадрид во таа 2015 година, имаше операција на срцето. Истата е успешно извршена и подоцна тој игра за “јорганџиите“ и токму со неговиот гол тимот од „Ванда Метрополитано“ ја освојува последната своја титула.
Зошто Кореа е талисманот на “гаучосите“?
Ова е четврти турнир на којшто игра за Аргентина и на сите неговата репрезентација завршува како прва. Беше лани и на Копа Америка.
На 20 години беше прогласен за најдобар играч на СП за играчи до 20 години, потоа прави трансфер од Сан Лоренцо во Мадрид.
Анхел Кореа не се најде на конечниот список на патници за Катар на селекторот Лионел Скалони. Па така на 24 часа пред стартот на Мундијалот тој со своите пријатели си играше мал фудбал на улиците на Росарио. Но не беше заборавен. По повредите на неколкумина фудбалери Скалони во последен момент го повика напаѓачот. Следуваше неверојатно испраќање на аеродром, речиси цел град со песна го испрати на аеродром за летот за Доха. Притоа фановите не заборавија да му кажат дека без титула да не се враќа.
И еве го тој се враќа со титула,сега Анхел Кореа е светски првак. Аргентина секогаш го освојува турнирот, ако со неа е Кореа.