Фотографијата која Лионел Меси ја објави на својот профил на „Инстаграм“, на која го држи во раце пехарот за светски првак, стана најлајкувана фотографија во историјата за еден спортист. Фотографијата засега има 43 милиони лајкови, што веќе е рекорд, но бројката уште ќе расте.
Инаку, имаше доста контроверзии околу првите фотографии на Меси со пехарот бидејќи кога првпат го крена пехарот како капитен на Аргентина, носеше црна наметка која го покриваше логото на спонзорот „Адидас“. За „Адидас“ тоа требаше да биде фотографија на векот, но Катарците им го расипаа задоволството.
Подоцна Меси се фотографираше и во авионот со кој од Доха преку Рим тимот се враќа во Буенос Аирес.