Аргентинската ѕвезда Икарди со два гола беше предводник на Галатасарај во победата со 4-1 на гости кај Анкарагучу и после четири години пауза великанот е нов првак на Турција, освојувајќи ја 23-та титула во својата земја.
Галатасарај последен пат беше првак во сезоната 2018/19, по што Истанбул Башакшехир (2019/20), Бешикташ (2020/21) и Трабзонспор (2021/22) освојуваа титули, па сега повторно највредниот пехар доаѓа кај најтрофејниот турски клуб и поранешен освојувач на Купот на УЕФА.\
Галата пред овој натпревар имаше четири бода предност пред Фенербахче и им требаше победа за заверка за да не се доведат во меѓусебна пресметка да треба да бркаат заверка на круната, па на најдобар начин славеа во Анкара. Икарди даде два гола во првиот дел, а потоа во пет минути Бурак Јилмаз и Серџо Оливеира постигнаа уште два гола.
Истанбулскиот великан со ова обезбеди квалификации за ЛШ летово и е потенцијален ривал на Струга ТЛ во воведното квалификациско коло. Галатасарај е еден од носителите во воведната рунда, а стружани се во група на неносители.