Каталонскиот клуб ќе добие три милиони евра обештетување за босанскиот интернационалец. Фудбалерот ќе биде во Обединетите арапски емирати во текот на утрешниот ден за да ги финализира сите детали. Информациите се дека Пјаниќ ќе потпише двегодишен договор.
Пјаниќ пред Барселона играше за Јувентус, Рома, Лион и Мец.