Португалската звезда Кристијано Роналдо веќе три години ја гради вилата од соништата во Португалија во вредност од 33 милиони евра. Улицата каде се гради веќе со месеци е затворена, а соседите се бесни поради прашината и постојано се жалат во португалските медиуми.
Гневот се зголеми откако беше објавено дека градежните работи ќе траат уште најмалку една година. Еден од новите соседи на Кристијано Роналдо изјави: “Градат веќе три години. Куќата е толку голема што личи на болница. Улицата со месеци е затворена, а мојот двор е пол со прашина. Се заради пирамидата на фараонот Роналдо.“
Првичните информации беа дека објектот ќе чини 12 милиони евра, но таа сума порасна на 33 милиони евра.