Полуфиналниот натпревар на Копиња, големиот турнир за играчи до 20 години во Сао Паоло, меѓу истоимениот домаќин и Палмеирас (0:1) го одбележа неверојатна сцена од крајот на натпреварот. Во шестата од седумте минути од судиското продолжување, еден навивач влета во теренот, а по него и друг.
И двајцата сакале да се пресметаат со противнички играчи, а едниот во еден момент извадил нож. Иако на видеото не се гледа точно како, судијата на натпреварот успеал да му го одземе од раката на навивачот и да го доведе до записничката маса, по што полицајците влегле на теренот.
Во овие нереални сцени, децата во дресот на Сао Паоло не дозволуваа тетовираните момци да се судрат со своите врсници, а пред да дојде полицијата, тие успеаја да ги убедат да се вратат на трибините. Напаѓачот на Сао Паоло со број 9 со двете раце го спречи значително повозрасниот навивач да не направи поголем инцидент, а судијата потоа го свирна за крај и ги испрати играчите во соблекувалната.