Eвропскиот и англиски првак, Манчестер Сити не успеа да го донесе Деклан Рајс и се насочува кон нови решенија во средниот ред. Капитенот на Вест Хем ќе потпише за Арсенал и ќе стане најскапиот англиски фудбалер, а Сити бара ново решение и наводно го нашол во Барселона.
Френки де Јонг беше желба на Пеп Гвардиола уште во 2019 година, но холандскиот играч за врска тогаш реши да прејде во Барселона. Шпанскиот гигант му плати 86 милиони евра на Ајакс.
Сега Де Јонг има договор со Барселона до 2026 година, а медиумите на Островот пишуваат дека Сити ќе се обиде да го доведе и дека за тој трансфер ќе понуди исто како што понудија за Деклан Рајс, околу 105 милиони евра.