Новак Ѓоковиќ, еден ден пред стартот на Вимблдон каде ќе ја брани титулата, изјави дека сè уште е гладен за успеси и освојување гренслем-титули.
Српскиот тенисер настапот на Вимблдон ќе го започне утре од 14.30 часот против 67-от тенисер на АТП ранг-листата, Педро Качин. Ѓоковиќ со триумфот на Ролан Гарос, дојде до 23-та гренслем-титула и му избега на Рафаел Надал кој остана на 22 гренслем триумфи, а е главен фаворит за триумф на Вимблдон каде четири пати по ред го крева шампионскиот пехар.
„Не сум опуштен, сè уште сум гладен за успеси, за освојување гренслем-титули. Се додека чувствувам глад за успеси, знам дека ќе можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Ако помине тоа, претпоставувам дека ќе се соочам со поинакви услови и ќе имам поинаков пристап“, изјави Ѓоковиќ.