Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има настап на квалификациите за УС Опен, а нејзина противничка ќе биде Јулија Риера од Аргентина.
Риера има 22 години и се наоѓа на 122. место на ВТА-листата, а ќе биде 19. носителка во квалификациите и ќе биде првиот предизвик за македонската тенисерка.
Ѓорческа и Риера утре го играат петтиот меч по ред во Њујорк, а тоа значи дека најверојатно ќе излезат на теренот во вечерните часови.