Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски немаше доволно сили за нова титула, против Моеч Ечаргуи во финалето на турнирот во Тунис загуби со 6-3, 3-6 и 6-7.
Ивановски го освои првиот сет со 6-3, по што неговиот ривал Ечаргуи врати со иста мера во следниот сет (6-3).
Во третиот сет се водеше голема битка меѓу тенисерите, а домашниот играч имаше предност од 5-3, по што Ивановски се врати во игра и набрзо избори тај-брејк, каде што подобар беше Ечаргуи со 7-5.