Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го започна својот настап во квалификациите од силниот челинџер турнир во Бергамо. Турнирот се игра на тврда подлога, во сала, за награден фонд од 73.000 долари.
Во првото коло од квалификациите, Ивановски лесно се справи со 16-годишниот Алесио Балстриери (без АТП-ранкинг) и го совлада со 6-2, 6-1 за 48 минути.
Во второто коло, ќе игра против 35-годишниот Михаил Кукушкин од Казахстан. Некогашниот 39. рекет на светот, сега на 211. позиција на АТП-листата, е втор носител во квалификациите и ќе биде јасен фаворит против Ивановски.
Во денешниот свој дуел, тој го надигра Федерико Арнаболди од Италија, со 6-3, 6-2. Сите кои имаат директно место на главниот турнир во Бергамо се во топ-200 на светот, а прв носител би требало да биде Нуно Боржеш од Португалија, 95. на АТП листата.