Фудбалерите на Монца направија големо изненадување во 20-то коло во Серија А и како гости со 2:0 го совладаа Јувентус.
Претходно, Милан доживеа дебакл од Сасуоло откако пред своите гледачи на „Сан Сиро“ загуби со 2:5.
Јувентус со поразот од Монца во Торино, само го зголеми очајот за навивачите на клубот од Торино во оваа 2023 година.
Патрик Чурија во 18.минута донесе водство за гостите, а Дани Мота зголеми на 0-2 во 39.минута.
Тимот на Масимилијано Алегри не успеа да се опорави до крајот на мечот, па сега Монца е подобропласирана од Јувентус на табелата и се наоѓа на 11. место со 25 бода.
Јуве е на 13. позиција со 23 бода.
Интересно е што Јувентус е првиот тим кој загуби од Монца во двата натпревари во Серија А. Во првиот дел од сезоната, Монца славеше со минимални 1:0.
Сега, останува да видиме дали сопственикот на Монца, Силвио Берлускони, ќе го исполни ветувањето и на играчите ќе им обезбеди автобус полн со проститутки.
Имено, кон крајот на минатата година, Берлускони им порача на своите фудбалери дека ќе им обезбеди автобус полн со проститутки ако тие совладаат еден од трите гиганти, Милан, Интер и Јувентус.