Медведев војуваше со публиката, судиите, кршеше рекети и правеше проблеми, а ова однесување му влијаеше врз резултатите на теренот, но сепак психотерапевтката Франсиска Дозе успеала да го смири Русинот.
„За тенисерот секогаш предизвик се турнирите и неговите резултати. Но, постои нешто подлабоко. Што значи овој успех за мојата историја, семејство, земја и јавен имиџ? Дали го заслужувам? Имаше нешто во себе што му носеше победи. Јас го барав тоа и го пронајдов во него. Данил не може да поднесе пораз. Кога ќе експлодира, тоа не го оддалечува од победите, туку од себе. Многумина сметаат дека лесно го прифаќа поразот, но тоа не е вистина. Јас го разбирам многу добро“, вели Франсиска.