Фетисов е близок со рускиот претседател Владимир Путин, а во периодот од 2002 до 2008 година беше министер за спорт на Русија, потенцирајќи дека руската инвазија на Украина нема уште долго да трае.
„Имаме голема држава и ќе одржуваме интерни натпреварувања. Сето ова само ќе не натера да ги тргнеме неверојатните договори на странците и парите да ги инвестираме во нашите деца. Порано или подоцна овој судир ќе заврши. Сега е тешко време, но мора да се прегрупираме. Можеме на сите што еден хокеарски стап не може да купат, сега да им дадеме шанса нивните деца да играат“, вели Фетисов.
Тој додава дека во овој момент, како за хокејот, така и за сите спортови, најдобро е парите да се соберат на еден куп и потоа рамномерно да се поделат на сите, со цел финансиски сите да бидат еднакви, а истовремено сите да си ги развиваат домашните таленти.
„Верувам и убеден сум дека ова на крај ќе ни донесе фантастични резултати“, додава Фетисов.
Странските спортисти масовно заминуваат поради агресијата, но и фактот дека руските клубови кои се финансирани од домашните компании ќе имаат проблем со ликвидноста поради санкциите. Русија, пак, е исфрлена од сите спортски натпреварувања, како дел од санкциите на светот кон најголемата земја.