Гвардиола ги обвини политичарите, НАТО и европските држави за тоа што се случува во Украина, а смета дека сè е поради пари.
„Важно е да се покаже солидарност, но тоа е само гест. Политичарите тука избегнуваат вакви работи, но и понатаму се неспособни. Тоа се случува затоа што тие не се во состојба да направат било што. Ова не се случува поради земја или знаме, туку поради пари. Тоа се случуваше и во Сирија, Палестина, Југославија. Невини луѓе умираа…“, вели Гвардиола.