Екипата на Молде е на чекор до пласман во третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, откако со 4-1 го совлада Елфсборг на свој терен со пресврт. Гостите рано поведоа, но домаќинот се наметна и редеше шанси.

Во текот на 38. минута се случи интересна ситуација. Имено, се покажа дека кога топката не сака да влезе, нема да биде гол, бидејќи Молде имаше пет обиди да израмни во само десет секунди.

За среќа на домашните фанови, Молде со четири гола во второто полувреме успеа да направи пресврт и да дојде на чекор до пласман во следната фаза.