Вест Хем е во завршни преговори со две големи ѕвезди за кои ќе потроши вкупно 60 милиони евра.
„Чеканите“ се пред реализација на трансферот на Џанлука Скамака од Сасуоло за 40 милиони евра, плус бонуси. Моментално се договараат детали помеѓу двата клуба и италијанскиот репрезентативец наскоро ќе се пресели во Премиерлигата. Тој беше интересен и за ПСЖ, но Французите не сакаа да понудат 40 милиони евра.
Вториот трансфер на Вест Хем е Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Српското крило беше поврзуван и со трансфер во Јувентус, но се чини сега е многу близу до дресот на „чеканите“. Тимот од Лондон е подготвен да плати 20 милиони евра за одличниот крилен напаѓач.