Екипата на Трабзонспор се извлече од незгодна ситуација против Газијантеп и победи со 4-2 во 34. коло од турската Суперлига, а еден од головите беа дело на македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Сореску и Драгуш во првото полувреме погодија во мрежата на Трабзонспор и обезбедија водство од 2-0 за гостинскиот тим.
Трабзонспор почна да се буди дури во 50. минута кога Онуачу погоди за 1-2, а потоа Барди постигна прекрасен гол за 2-2 и го најави пресвртот.
Онуачи во продолжение беше стрелец уште двапати и го комплетира хет-трикот, но обезбеди и три бода за Трабзонспор.
Екипата на Барди се наоѓа на третата позиција со 58 бодови по 34 одиграни кола во Суперлигата.