Себастијан Але се избори со болеста, се врати на терен и повторно дава голови. Але, напаѓачот на Борусија Дортмунд ги тресе мрежите и се радува повторно со соиграчите.
Тој е врвен напаѓач, го докажа тоа и во Ајакс, а денеска постигна хет-трик за Борусија Дортмунд за седум минути. Але во периодот од 81. до 88.минута беше стрелец на три гола.
За „милионерите“ во првиот дел головите ги постигнаа Ројс, Мален и Белингем.