Столе Димитриевски беше стандарден на голот на Рајо и имаше две одлични одбрани во првото полувреме, но ниту распожениот Македонец не можеше да спречи пораз за домашниот тим.
Ла Лига дури го прекрсти Столе и по една негова одбрана го нарече „Ѕид-Триевски“, но далеку подобра беше онаа пред крајот на првиот дел по еден корнер на гостите.
И покрај извонредното издание, Столе прими два гола од Дардер и Меламед, па Рајо загуби со 1:2 (почесниот гол за домаќините беше дело на Раул де Томас).