Хет-трик за Довбик, каталонскиот хит на сезоната Жирона со седум гола ја распарчи Гранада. Фудбалерите на Жирона ја завршија сезоната во Ла Лига на најдобар можен начин, откако во последното коло триумфираа со 7-0 против Гранада.
Во второто полувреме Циганков постигна и втор гол, Довбик стигна до хет-трик, а еден гол беше дело на Стуани.
Жирона ја заврши сезоната на третата позиција со 81 бод, додека Гранада е претпоследна на табелата.