Динамо Загреб доживеа шокантен пораз со 1-2 во дуелот против Шибеник, откако прими два гола во првото полувреме. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го врати Динамо во игра за бод.

Матиќ и Долчек стрелаа за водство на Шибеник, додека Ристовски со глава го матира голманот на домаќините за 1-2.

Голот на македонскиот репрезентативец од 64. минута може да се погледне ТУКА.

Шибеник освои три златни бода во битката за опстанок.