Еден од познатите француски новинари, Рено Марке, поранешен новинар на еден од најпознатите и најрелевантните медиуми „РМЦ“ влезе меѓу Фалангата во навивачката зона во центарот на Порто, во пресрет на вечерашниот историски дуел за пласман на Светското првенство во Катар.
Македонските навивачи едноставно го импресионираа Марке, кој веќе најави дека ќе навива за Македонија вечерва на „Драгао“, а посебно го импресионираа двајцата нашинци кои од САД допатуваа за историскиот меч.
Начека и навивачи од Виница, со кои разговараше, па им се обрати на македонски со добар ден, а потоа ги натера на македонски да ѝ се обратат на јавноста.