Околу 60 илјади фанови во еден глас ја испеаја познатата навивачка химна. Селтик Парк изгледаше фантастично, а сцените од тие моменти ја обиколија целата планета.
Интересно е тоа што дури и главниот судија уживаше во прекрасната атмосфера, па малку го одложи почетокот на натпреварот, додека навивачите не завршат со својата изведба.