Познатата спортска телевизија Еуроспорт предизвика огромен гнев кај српската јавност откако го претстави Новак Ѓоковиќ како хрватски тенисер.
Во пресрет на турнирот во Перт – Австралија, Ѓоковиќ се подготвуваше со своите сонародници што предизвика внимание кај медиумите од цел свет. Сепак, Еуроспорт направи веројатно ненамерна грешка која направи голем проблем.
„Новак Ѓоковиќ и соиграчите од Хрватска се подготвуваат за Јунајтед купот во Перт“, пишуваше во објавата на телевизијата.
На ова веднаш реагираа медиумите во Србија кои го ставија Еуроспорт на столбот на срамот.
„Огромен срам за познатата телевизија. За Новак, пред цел свет кажаа дека е Хрват – скандал каков што Австралија не памети“, напиша Курир.