Најдобриот светски рекет, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на Мастерсот во Париз и ја освои 97. титула во својата тениска кариера, а на прес-конференција по финалето зборуваше за плановите до крајот на сезоната.
До крајот на сезоната остана завршниот турнир во Торино, како и Дејвис Купот во Малага, а Ѓоковиќ сака да ги освои и двете титули.
„Сакам да ги освојам турнирот во Торино, но и Дејвис Купот. Ќе се обидам да ги освојам сите турнири на кои ќе учествувам, а потребна ми е уште една победа за да го обезбедам првото место до крајот на сезоната“, кажа Ѓоковиќ.