Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, по убави работи ќе ја памети годината што изминува, во која победи на три гренслем-турнири, како и на завршниот мастерс во Торино, а ја надмина и магичната граница од 400 недели на врвот од АТП-листата.
Поради сето ова, реномираната спортска телевизија Еуроспорт објави компилација со неговите најдобри пет потези во 2023 година, меѓу кои за најатрактивен е прогласен потегот во полуфиналето на Ролан гарос против Карлос Алкараз.