Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, а сега само три победи го делат од 21. Грен слем титула во кариерата, што би им овозможило да се одлепи од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во оваа трка.
Бикот од Мајорка во последниот меч во три сета го победи Французинот Адријан Манарин и успеа да се пласира во осмото четвртфинале во последните девет настапи во Австралија, а 45-то на Грен слем.
По мечот, Шпанецот на прес-конференцијата ги искажа своите впечатоци од победата, за формата и воопшто за неговата севкупна психофизичка состојба.
Шпанецот и понатаму е воздржан, без многу зборови и најави, иако турнирот влегува во втората недела, што не беше случај во минатото, сепак беше забележителна нервоза при разговорите со претставниците на медиумите. Во неколку наврати, како што тоа го прави на теренот, Надал со рака го допираше по лицето, носот, устата, ушите, но и ги гризна ноктите.