Ѓорческа одигра тежок, маратонски меч против незгодната Италијанка. По првиот освоен сет (6-3), Кјеза се врати во следниот (6-4), но искуството на македонската тенисерка беше пресудно, во третиот сет да направи брејк во 10. гем за да го освои сетот со 6-4 и обезбеди полуфинале.
Третата носителка на турнирот за финале ќе се бори против Зејнеп Сонмез, која беше подобра од Лесли Патинама-Керкова.