Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас е број еден во моментов во светот, но познат е по тоа што е голем вљубеник во фудбалот, па дури често знае и да игра со своите пријатели.
На иницијатива на Трансфермаркет, тој ја состави најдобрата постава, која е комбинација на играчи кои настапувале за Барселона и Реал Мадрид и само еден фудбалер кој не бил во овие две екипи.
Алкарас на голманската позиција го смести Икер Касиљас. Пред него во централната дефанзивна линија се Пујол и Рамос. Роберто Карлос е лев бек, додека десниот бек Кафу е единствениот што нема играно за шпанските ривали.
Средниот ред го сочинуваат Лука Модриќ, Зидан и Иниеста, Кристијано Роналдо е лево крило, додека Лео Меси е на десната крилна позиција. Во нападот е “оригиналниот“ Роналдо.