Шпанскиот легендарен тенисер Надал се прости со пораз од Олимписките игри во Париз.
Во двојки со Карлос Алкараз, тој загуби од холандскиот тандем Крајичек-Рам со 0-2 (2-6, 4-6) со што исчезнаа сите надежи дека ќе освои медал на својот последен настап на оваа манифестација. Иако Шпанците имаа огромна поддршка од публиката, а атмосферата на моменти наликуваше на фудбалски натпревар, не успеаја да пружат сериозен отпор и да ја загрозат победата на противниците.
Во одлучувачкиот гем Алкараз и Надал имаа три брејк-топки за израмнување на 5-5, но не искористија ниедна и противникот се радуваше на победата. Многу веројатно, ова беше последен меч за Надал на терените на „Ролан Гарос“ каде освои 14 Гренд слем титули во кариерата. За разлика од него, Алкараз продолжува во поединечна конкуренција и во четвртфиналето ќе се сретне со Томи Пол.
Во полуфиналето, Крајичек и Рам ќе се сретнат со чешката двојка Махач-Павлашек.