Британскиот тенисер Лиам Броди направи изненадување во второто коло на Вимблдон и го елиминира Каспер Руд со 3-2 во сетови, односно 6-4, 3-6, 4-6, 6-3 и 6-0 по три часа и 27 минути игра.
Од почетокот на натпреварот Британецот му создаде големи проблеми на четвртиот тенисер во светот, откако направи еден брејк повеќе од Руд и го доби сетот со 6-4.
Руд заигра подобро во продолжение од мечот и со 6-3 и 6-4 ги доби следните два сета, но потоа следеше тотален распад во неговата игра и тоа го искористи британскиот тенисер кој со 6-3 и 6-0 го доби натпреварот.
Противник на Броди во третото коло ќе биде Денис Шаповалов.