Француската звезда Килијан Мбапе е пред заминување од францускиот шампион ПСЖ затоа што не сака да го продолжи договорот до јуни 2025 година, а негова замена во Париз би требало да биде Осман Дембеле напаѓачот на Барселона.
Француските медиуми пишуваат дека тренерот Луис Енрике е заинтересиран за Дембеле, кој има договор со Барса до јуни 2024 година и откупна клаузула од 50 милиони евра.
Дембеле претходно му соопшти на Чави дека ќе остане во Барселона, меѓутоа тоа би можело да се промени ако стигне примамлива понуда од „Паркот на принцовите“.
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи во меѓувреме сака да се ослободи од Мбапе, односно да го продаде во текот на летото зашто следната година му завршува соработката со парижаните.