Македонскиот тенисер, кој беше втор носител на турнирот, доминираше во финалето и триумфот го најави уште во првиот сет кој го доби со убедливи 6-2.
Ивановски го декласира ривалот и во вториот сет, каде што повторно беше подобар со 6-2 и го освои пехарот во Австрија.
Калин оствари пет победи на турнирот, при што загуби само еден сет, додека во останатите дуели беше извонреден.