Ливерпул оствари убедлива победа против Лестер сити од 4-0 на пријателски натпревар во Сингапур.
„Црвените“ во период од 30 до 38. минута од натпреварот постигнаа дури три гола, и тоа преку Дарвин Нуњез, Боби Кларк и Диого Жота, по што триумфот го потврди Бен Доак во второто полувреме.
Ливерпул на 2 август ќе се соочи против Баерн Минхен, по што следи тест против германски Дармштад, додека сезоната ја почнуваат на 13 август против Челси на „Стемфорд бриџ“.