Денечниот меч помеѓу екипите на Наполи и Џенова (18.30 часот), привлекува многу внимание во Македонија поради фактот што во двете екипи настапуваат нашите Елиф Елмас и Горан Пандев.
Особено радува и фактот што и двајцата се најавени во стартниот состав на своите екипи.
Ова е средба од 2. коло во Серија А, а на стартот од сезоната, Наполи ја совлада Венеција (2-0), додека Џенова убедливо загуби од Интер (0-4).